Top Sport

Шпиунажата се исплатеше – Алиоски со асистенција, Лидс го доби Дерби (видео)

Марсело Биелса, менаџерот на клубот на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, Лидс јунајтед прво призна дека тој го пратил „шпиунот“ на тренинзите на ривалите Дерби каунти, по што на „Еланд роуд“ во дербито на англискиот Чемпионшип го совлада тимот на Френк Лампард со 2:0 за да се зацврсти на првото место во втората лига.

Аргентинецот Биелса пред мечот призна дека тој е одговорен за инцидентот во четвртокот, кога еден човек со двоглед беше уапсен од полицијата откако го набљудувал затворениот тренинг на Дерби. Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) најави официјална истрага која може да донесе голема казна за клубот кој има големи шанси следната сезона да настапува во Премиер лигата.

На теренот, Лидс стигна до 16-тата победа во 27 кола благодарение на головите на Кевин Руф во 20. минута и тој на Џек Херисон во 47. минута по асистенција на нашиот Алиоски. Лидс сега има 54 поени на врвот на Чемпионшип, пет повеќе од Норич (со натпревар помалку) и 11 пред Дерби, кои се на шестото место на табелата.

Шпиунски скандал во Англија – Лидс имале свој човек на тренингот на Дерби

Scroll to Top