Top Sport

Што ли сакаше да каже? Кантона со бизарниот говор ги збуни и Меси и Роналдо! (видео)

Ерик Кантона ги остави ТВ-гледачите, но и Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои седеа еден до друг, без зборови со бизарниот говор кој го оддржа при добивањето на претседателската награда на УЕФА.

Легендата на Манчестер јунајтед ја доби наградата од претседателот на УЕФА, Александер Чеферин пред стартот на ждрепката во ЛШ, со која е почестен за својата фудбалска кариера, но и за многубројните добротворни активности кои тој ги има.

Но, говорот беше навистина посебен – Французинот изјави дека пратен од Бога пред да зборува за криминалот и војните.

„Наскоро, науката не само што ќе може да го успори стареењето на клетките, туку и наскоро ќе ги поправи и клетките на државата. Така ќе станеме бесмртни. Само несреќи, криминал и војни ќе не убиваат. За жал, криминалот и војните ќе се удвојат. Го сакам фудбалот. Ви благодарам“, изјави Кантона.

Scroll to Top