Top Sport

Ван Дајк ги победи Роналдо и Меси како најдобар фудбалер на светот според УЕФА!

Дефанзивецот на Ливерпул, Холанѓанецот Виргил ван Дајк е избран за најдобар фудбалер на светот во 2019 победувајќи ги Кристијано Роналдо и Лионел Меси во изборот на европската куќа на фудбалот (УЕФА).

Ван Дајк, кој беше главниот човек во одбраната на „црвените“ кои минатата сезона ја освоија шестата титула од Лигата на шампионите и загубија во тесната битка со Манчестер сити во Премиер лигата, е првиот Холанѓанец кој ја добива оваа награда на УЕФА.

Со ова се комплетира неверојатната сезона за Ван Дајк, кој беше избран и за најдобар фудбалер во Премиер лигата и сега е фаворит за „Златната топка“ на „Франс фудбал“.

Scroll to Top