Top Sport

Што мислите, кој е најбараниот фудбалер на „Порнхаб“?

Љубителите на фудбалот понекогаш сакаат да прават листи на најдобрите фудбалери, најдобрите изведувачи на слободни удари, најдобрите дриблери и така натаму. Но, познатиот порно-сајт „Порнхаб“ првпат објавува ваква листа – на најбараните фудбалери на нивната страница.

На достојното 10. место е веќе пензионираниот Дејвид Бекам, а според „Порнхаб“, тој доживеал раст од 3.440 отсто откако присуствувал на кралската свадба на принцот Хари во 2018 година. На деветтото место е Карим Бензема, пред него е Рахим Стерлинг, а седми е новиот ас на Реал Мадрид, Еден Азар, зад Аргентинецот Пауло Дибала од Јувентус.

Славната топ 5 листа ја започнува Килијан Мбапе, младат ѕвезда на ПСЖ, додека изненадувачки на четвртото место е Алексис Санчез од Манчестер јунајтед.

На третото место е Мауро Икарди, втор е Лео Меси, а секако првото место му припаѓа на единствениот Кристијано Роналдо, кој цврсто го држи врвот како и во многу други области.

Scroll to Top