Top Sport

Србите за малку ќе се „сопнеа“ со Италија

Кошаркарската репрезентација на Србија продолжува со победите на подготвителните мечеви пред Светското првенство, но овојпат потешко од очекувањата со 71:65 (27:17, 20:17, 12:14, 12:17) беа подобри од Италија во првиот меч на Аустигер купот во Шенјанг.

Тимот на Александар Ѓорѓевиќ имаше одлична низа и водство до последната четвртина, но тогаш „аѕурите“ тргнаа во серија од 17:0 и на две минути пред крајот на мечот дојдоа до водство. Сепак, прво Милутинов со слободни фрилања, а потоа со забивање на асистенција на Гудуриќ успеа да се врати во предност. Точка на мечот стави Стефан Јовиќ со одлична тројка.

Богдан Богдановиќ беше најефикасен за Србите со 15 поени, 11 имаше Јовиќ, додека Милутинов заврши со 10 поени и 7 скока. Италијанците ги предводеше Марко Белинели со 17 поени, а Даниел Хекет додаде 15.

Scroll to Top