Германскиот бундеслигаш Штутгарт одреди цена од 5 милиони евра за евентуална продажба на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов. Англискиот тим Барнли е заинтересиран за него, а раководството на Штутгарт ќе го продаде само доколку биде платена оваа сума.
Чурлинов лани играше како позајмен играч во Шалке 04, а летово се врати во Штутгарт со кој има договор до 2024 година и го постигна првиот гол за клубот во новата сезона, за победата (0:1) против Динамо Дрезден во Купот на Германија.
Шалке 04 исто така сакаше да го откупи Дарко Чурлинов, за нив сумата изнесуваше 3 милиони евра, но германскиот клуб истакна дека нема доволно финансиски средства за таков трансфер.