Ливерпул го победи Нотингем Форест, Лестер со пресврт славеа против Вулверхемптон, а без победник играа Брентфорд и Астон Вила, односно Кристал Палас и Евертон во 32.коло.
Здодевно прво и брилијантно второ полувреме со пет гола донесе пресметката на поранешните европски шампиони. на „Енфилд“, Ливерпул го победи Нотигем Форест со 3:2 и остана во трката за четвртата позиција, додека „шумарите“ паднаа на претпоследната позиција.
Ливерпул два пати водеше со головите на Диого Жота, а Форест се враќаа преку Вилијамс и Гибс-Вајт. Победникот го реши голот на Салах во 70.минута.
За пласман во Европа се бори и Астон Вила, која освои важен бод кај Брентфорд. Ајван Тони им донесе предност на Брентфорд која ја поништи Далгас Луиз.
Евертон е во грчевита борба за опстанок, а освои бод на гостувањето кај Кристал Палас во Лондон – 0:0. Тимот на Ливерпул беше подобар, имаше повеќе шанси, но не успеа да постигне гол.
По 32. коло Лестер избега од опасната заона. „Лисиците“ со пресврт славеа против Вулверхемптон (2:1).
Гостите поведоа преку Куња во 13. минута, но во 36. минута Ихенасио реализираше пенал. Во 75.минута Тимоти Кастањ го постави конечниот резултат.