Top Sport

Швајцарците бараат затворска казна за претседателот на ПСЖ

Швајцарското обвинителство побара претседателот на Пари Сен-Жермен и поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке да добијат затворски казни за својата улога во корупцискиот скандал околу доделувањата на ТВ-правата од Светските првенства.

Обинителите бараат 28-месечна казна затвор за Ал-Хелаифи, кој е и претседател на „БеИН медија“ и три години казна за Валке на судењето во Белинцона, објави швајцарската новинска агенција „АТС“.

Обвинителството тврди дека Валке барал помош од Катарецот во текот на летото 2003 за купување на луксузна вила на Сардинија, во исто време кога катарската „БеИН“ преговараше за продолжување на ТВ-правата во Северна Африка и Блискиот Исток за СП во 2026 и 2030. Ал-Хелаифи ја купил куќата за 5 милиони евра преку компанија која веднаш била префрлена во сопственост на брат на еден од неговите соработници, пред да биде префрлена на Валке.

Двајцата тврдат дека договорот е „приватна работа“, и дека нема никаква врска со договорот на „БеИН“ комплетиран во април 2014 година.

Scroll to Top