Top Sport

Швајцарците лесно, Данците само со реми кај Грузија (видео)

Репрезентацијата на Швајцарија се врати во игра во групата Д и пласман на Европското првенство во 2020, по 4:0 победата над Гибралтар, додека Данска не успеа да „избега“ и одигра само 0:0 на гости кај Грузија.

Против аутсајдерот Гибралтар, Швајцарците го решија победникот во осум минути во финишот на првото полувреме, кога Закарија, Мехмеди и Родригез постигнаа голови за 3:0. Гаврановиќ во 87. минута ги постави конечните 4:0.

Со оваа победа, Швајцарците се трети во групата Д со 8 поени, сега само еден помалку од Данска, која одигра 0:0 кај Грузија, додека на првото место изненадувачки со 11 поени е Ирска.

Романија пак, со голот на Пушкаш стигна до минимална 1:0 победа над Малта со која остана во трка за второто место во групата Ф, откако се израмни со Шведска со 10 поени. Шпанците се убедливо први со 15 поени.

ЕВРО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Д

Грузија – Данска 0:0

Швајцарија – Гибралтар 4:0

Табела: 1.Ирска 11, 2.Данска 9, 3.Швајцарија 8, 4.Грузија 4, 5.Гибралтар 0

ГРУПА Ф

Романија – Малта 1:0

Табела: 1.Шпанија 15, 2.Шведска 10, 3.Романија 10, 4.Норвешка 8, 5.Малта 3, 6.Фарски Острови 0

Scroll to Top