Top Sport

Раѓа и Дивац се пофалија со прстените: Од Југо 45 до ова!

Владе Дивац вчера беше примен во Куќата на славните на НБА лигата, каде што друштво му правеше неговиот поранешен соиграч од југословенската репрезентација, Дино Раѓа, кој ја доби истата чест пред една година.

Раѓа на Инстаграм се пофали со интересна фотографија на двата прстени  и со интересен коментар – од „Југо 45 до ова“, потсетувајќи се на анегдотата од возењето на репрезентивните собири пред 1991 година.

„Од Југо 45 до ова! Зошто секогаш го споменувам Југо 45? Бидејќи еднаш со него се возевме на подготовките на репрезентацијата 300 километри“, напиша Раѓа.

Повеќе за оваа авантура можете да прочитате на линкот подолу.

Дино Раѓа и Владе Дивац и авантурата со Југо 45!

Scroll to Top