Швајцарија го декласира Исланд, во А-дивизијата, во Лигата на Нации. Очекуван убедлив триумф во Д-дивизијата забележа Белорусија над Сан Марино, додека Финска во Ц-дивизијата запиша минимален триумф над Унгарија.
Швајцарците во Сент Гален им одржаа фудбалски час на Исланѓаните. Домашната репрезентација наметна свој ритам, кој Исланѓаните не можеа да го следата. По 23.минути Швајцарија водеше со 2:0 головите на Зубер и Закарија.
Во второто полувреме Швајцарците испорачаа уште четири гола во мрежата на Исланд. стрелци беа Шаќири, Сеферовиќ, Ајети и Мехмеди.
Финска во раната фаза на натпреварот го реши прашањето на победникот во дуелот со Унгарија. Единствениот гол го постигна Пуки во седмата минута.
Белорусија против аутсајдерот Сан Марино славеше со 5:0. Сташевиќ ја отвори серијата на голови во четвртата минута, потоа Драгун постигна два гола, па Сарока погоди од пенал, а точка на мечот стави Ковалев од пенал во 91.минута.