Top Sport

Швајцарска култура: Базел со реклама ја честита титулата на Јанг бојс

Швајцарија кај нас има углед на земја на културата, на редот, и да доброто однесување, што уште еднаш се покажа откако фудбалскиот клуб Базел им ја честиташе историската титула на ривалите Јанг бојс со една цела страница реклама во најпопуларниот швајцарски весник „Блик“.

Јанг бојс, клубот од престолнината Берн стигна до првиот трофеј од 1986 година со 2:1 победа над Луцерн на „Стад де Свис“ по што следуваше луда прослава, и во исто време не им дозволи на Базел да сигнат до деветта круна едноподруго во Суперлигата, ставајќи крај на апсолутната доминација на тимот на Рафаел Вики.

Во Базел решија да не бидат лоши губитници, и со цела страница во „Блик“ ја честитаат титулата на ривалите.

„Ве молиме земете го трофејот, би сакале да го победиме и да го вратиме во добра состојба. ФЦ Базел 1893 му честита на БСЦ Јанг бојс на лигашката титула“, се вели во рекламата.

Базел и покрај тоа што се пласираа во нокаут фазата на ЛШ, првпат немаат титула од 2009 година, додека Јанг бојс ќе играат за двојната титула.

Scroll to Top