Тројца Швајцарци со тркатор пристигнале во Калининград, каде вечерва нивната репрезентација ќе игра против Србија во второто коло, на Светското првенство во Русија.
Беат Штудер, Вернер Цимерман и Жозеф Вајер од Луцерн тргнале на 8.јуни и поминале 2.000 километри низ Германија и Полска. Тракторот со кој патуваат овие тројца навивачи се движел со просечна брзина од 30 километри на час.
„Глупави идеи доаѓаат кога ќе испиете малку повеќе“, рекол за „Спутник“, Жозев Вајер.
Своето патување тие го опишале како „навивачики пат со добра причина“, бидејќи парите што ќе ги заработат од оваа своја авантура, околу 20.000 долари, ќе ги донираат кај една хуманитарна организација од Швајцарија.
Натпреварот Швајцарија-Србија ќе започне во 20 часот. Во првото коло Србија ја победи Костарија 1:0, а Швајцарија одигра 1:1 против Бразил.