Top Sport

Шведска за прв пат во својата историја има селектор странец

Легендата на данскиот фудбал, Јон Дал Томасон (47) е избран за нов селектор на шведската фудбалска репрезентација. Томасот е првио селектор странец во историјата на Шведска.

На клупата на репрезентацијата на „трите круни“, Томасон го Јане Андерсон, кој доби отказ во ноември 2023 година, откако не успеа со Шведска да се пласра на Европското првенство во 2024 година.

Томасон, кој неодамна поднесе оставка како менаџер на англискиот второлигаш Блекбурн Роверс, потпиша договор до крајот на квалификациите за Светското првенство во 2026 година, кој автоматски ќе биде продолжен доколку избори пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.

Томасон за Данска одиграл 112 натпревари, на кои 52. пати бил стрелец.

Во текот на својата кариера настапуваше за Коге, Херенвен, Њукасл, Феенорд, Милан, Штутгарт и Виљареал.

Тренерската кариера ја започна како помошник тренер на Екселзиор, а истата улога ја имаше и во Витесе и во данската репрезентација. Тој раководеше со Малме од 2020 до 2021 година, а со Блекбурн во последните две сезони.

Scroll to Top