Top Sport

Шведската Алсвенскан ќе почне на 14 јуни со навивачи на трибините?

Првите две професионални фудбалски лиги во Шведска објавија дека планираат новата сезона на 14 јуни да започне вообичаено, односно дури и со навивачи на трибините.

За разлика од другите европски земји, Шведска се реши за поианков пристап околу пандемијата на корона вирусот, дозволувајќи работа на школите, рестораните и продавниците, со предупредување од премиерот Штефан Лефвен сите да се „однесуваат како возрасни“. Во Шведска досега починаа 1.765 луѓе од корона вирусот, и тамошните власти тврдат дека „пикот“ на вирусот се достигнал на 15 април.

Алсвенскан и Суперетан требаше да стартуваат на почетокот, но беше одложена на неопределено време, пред денеска, клубовите да потврдат дека планираат сезоната да стартува на 14 јуни.

„По одложувањето на лигата, главанта цел беше да се одиграат првите мечеви на почетокот на јуни и сега можеме да потврдиме дека првичниот датум е 14 јуни. Нашата цел е сите натпревари да се одиграат со фанови на стадионите, но го следиме развојот со ситуацијата на корона вирусот и ќе ги следиме препораките на властите“, се вели во соопштението.

Минатата сезона, шампион во Шведска стана Ѓургарден.

Scroll to Top