Top Sport

Канаваро: Асприлја ја изеде казната што му ја дадоа во Парма

Поранешниот италијански репрезентативец Фабио Канаваро се потсети на уште една анегдота од бурната кариера на Колумбиецот Фаустино Асприлја, додека двајцата беа фудбалери на Парма.

Асприлја, кој неодамна стана популарен со неговиот бренд на кондоми, беше познат како „лудак“ на и надвор од терените како фудбалер на Њукасл и Парма, каде што играше од 1992 до 1996 година и Канаваро кажа една од многуте приказни.

„Дојдов во Парма кога бев многу млад и тогаш беше навистина силен тим кој секогаш одеше на победа. Се сеќавам дека капитенот Лоренцо Миноти запишуваше казни за фудбалерите кои згрешиле нешто, но кога дојде ред Асприлја да плати, тој стана и го изеде листот со казните“, вели Канаваро во интервју за „Скај спорт Италија“.

Легенда! Асприлја го покани мексиканскиот селектор на оргија

„Нема кондоми? Јас имам 3,5 милиони“

Ѕола признава: Лудоста на Тино Асприља не се мереше

 

Scroll to Top