Навивачот на Њукалс од шведскиот град Гетеборг Ролф Корнелиусон судски ја добил државата и сега ноже во личната карта покрај своето да го има и името омилетниот клуб.
Корнелиусон станал навивач уште како дете кога неговиот татко од бројните патувања по Англија му донел дрес на Њукасл. Својот омилен клуб тој го гледал повеќе од 100 пати, поради што на крајот решил во личната карта како средно име да го Њукасл.
Сепак државата не му дозволила таква промена. Тој решил да се жали и да покрене судски процес.
Судот во Гетеборг пресудил во негова корист и му дозволил да го смени името во Ролф Ленарт Њукасл Корнелиусон.
„Мислев дека ова нема да ми помине, но ако некој треба да го смени името поради фудбалски клуб тогаш тоа сум јас“, рекол 54 годишниот Швеѓанец.