Top Sport

Во хокејот не страдаат само играчите – фински судија остана без заби по удар со пак!

Финскиот хокеарски судија Јука-Пека Коистинен дозна дека во овој спорт е опасно да си на било која позиција, откако беше удрен директно во уста со летечки пак, добивајќи страшна повреда на устата и останувајќи без неколку заби.

Мечот помеѓу ХПК и Јукурик од Финската лига мораше да биде стопиран на една минута пред крајот на втората третина, кога ударот на Миро Руоконен се одби од голманот на Јукурит и налета директно во лицето на 38-годишниот судија.

Тој падна на мразот го покри лицето со рацете и остана на мразот додека добиваше помош. Пакот му оштети барем седум заби и му ја скрши горната вилица, а покрај тоа тој добил и потрес на мозокот.

„Четири заби излетаа целосно. Светот се стемни како некој да ги исклучи сите светла. Бргу ја вратив свеста и лежејќи на мразот чувствував како забите излегуваат од устата“, изјави Коистинен.

Сепак, тој добро ја познава опасноста – одигра над 300 меча како хокеар во пет сезони во Финската лига за тимовите на Спорт, Хермес и ФПС, но во кариерата загуби само еден заб.

Scroll to Top