Top Sport

Спектакуларен почеток на „Тур д’Франс“

Холанѓанецот Мике Тенисен (26) е победник на првата етапа на 106 издание на најпрестижната велосипедска трка во светот „Тур д’Франс“.

Етапата долга 194,5 километри во Брисел, возачот на екипата Јумбо-Висма ја мина со време 4:22.47 часа.

Тенисен во фото-финишот дојде до победата. Тој за пола тркало успеа да го победи трикратниот светски првак Петер Саган.

Со оваа победа Тенисен стана првиот Холанѓанец уште од Ерик Брукинк во 1989 година што успеал да ја облече жолтата маичка.

Финишот на етапата го обележи инцидентот кој се случи во главната група, кога неколкумина паднаа на 1.500 метри пред целта. Меѓу оние што паднаа се најде и бранителот на титулата Герант Томас, но Британецот се врати во трката и ја заврши етапата.

Брисел беше домаќин на воведната етапа во чест на 50 годишнината од првата титула на легендарниот Еди Мерк.

Scroll to Top