Јувентус и Манчестер сити ги почнаа преговорите за трансфер на Кристијано Роналдо во премиерлигашот, велат последните информации од италијанските и британските медиуми, со што Португалецот би се вратил во Англија во еден од најлутите ривали на клубот каде што го направи името, Манчестер јунајтед.
Секако, на ова ќе биде гледано како на „предавство“ од страна на навивачите на „ѓаволите“, кои како во случајот со Петер Шмајхел и Карлос Тевез, никогаш нема да му простат на својот поранешен миленик.
Интересно, тие веднаш се јавија на социјалните мрежи со интересно интервју на Роналдо од 2015, додека беше фудбалер на Реал Мадрид, кога беше запрашан за можноста да заврши во Манчестер сити, кои „имаат многу пари“.
„Мислите дека сега парите ќе ми го сменат мислењето? Не мислам така. Парите нема да се проблем, бидејќи ако зборуваме за нив, ќе одам да играм во Катар, тие сигурно имаат повеќе пари од Манчестер сити. Се работи за страста за фудбалот“, одговори Роналдо.
Времето (и парите), лекуваат многу работи…
Man City fans thinking they will get Ronaldo
— Baran (@UtdBaran) August 24, 2021