Top Sport

Си заминаа насмеани од Јунајтед – Погба и Лингард не го кршат пријателството

Пол Погба и Џеси Лингард очигледно не се многу вознемирени од заминувањето од Манчестер јунајтед, откако Французинот објави фотографија со неговиот „брат“ еден ден по потврдата на клубот од „Олд Трафорд“ дека двајцата фудбалери кои произлегоа од нивната академија си заминуваат како слободни играчи.

Договорите на Погба и Лингард завршија на 1 јули, а новиот менаџер на клубот, Ерик Тен Хаг реши да не бара обновување, и откако двајцата објавија посвета до навивачите на „ѓаволите“, очигледно расположението не им се расипа.

„Мој брат“, напиша Погба, кој се поврзува со враќање во Јунајтед, а Лингард ја објави истата фотографија со порака: „Прв ден“.

Scroll to Top