Top Sport

Пиоли го исполни ветувањето и со велосипед се качи на планина

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го исполни своето ветување и со велосипед се искачи на планина. 56-годишниот италијански тренер ја освои својата прва титула во кариерата со скудетото со Милан, а пред неколку месеци вети дека ќе ја прослави титулата со возење велосипед од неговиот роден град Парма до Пасо дела Чиса, делот на Апенинските планини кои ја развојуваат Тоскана од Емилија.

Според „Ла газета дело спорт“, вкупната далечина на патувањето била 130 километри, вклучувајќи планински патишта и искачувања до 1.000 метри, а покрај тоа времето било сончево, но Пиоли изјавил дека „мораш да страдаш“ за успех.

Ова не е првпат италијанските тренери да прават вакви ветувања, познати како „фјорето“. Сегашниот тренер на Салернитана, Давиде Никола го прослави опстанокот со Кротоне со возење велосипе од граот во Калабрија до неговиот домашен град Торино, за оваа година вети дека ќе оди пешки од Салерно до Рим за да се сретне со папата Франциск.

Scroll to Top