Еден од најважните натпревари во историјата на македонската фудбалска репрезентација, баражот за пласман на Светското првенство во Катар 2022 против Италија ќе се оддржи на „Стадио Ренцо Барбера“ во Палермо на 24 март 2022, потврди Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).
Победникот од овој двомеч ќе гостува кај Португалија или Турција во одлучувачкиот меч за пласман на Мундијалот.
„Одлуката да се игра во Палермо беше направена заедно со селекторот Роберто Манчини, за да се отстранат сите можни пречки околу европскиот успех. Сакаме да свртиме нов лист во нашата репрезентација, така што тоа од 2021 нема да биде тежина за тимот. Исто сакаме да ја почувствуваме страста на фановите во Палермо“, вели претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина.