Американскиот МЛС клуб, Сиетл саундерс го објавија својот посебен дрес во чест на Брус Ли на 50-годишнината од неговата смрт и мора да се признае дека се работи за еден од најуникатните дресови оваа сезона.
Легендарниот Брус Ли имаше силна поврзаност со Сиетл, каде што живееше на почетокот на својата кариера и каде што е погребан по неговата прерана смрт на само 32 години. Дресот во негова чест е во црвена и црна боја со жолта линија и дизајн на змеј, а неговиот потпис е на долниот дел на дресот.
Неговата ќерка, Шенон беше импресионирана од дизајнот.
„Мојот татко имаше долга историја со Сиетл како место за учење, пријателство, раст, инспирација, љубов и одмор. Саундерс добро го претставија како змеј каков што беше и ние сме презадоволни“, вели Шенон Ли.
Be Water, My Friend.
Introducing The Bruce Lee Kit, a community collaboration inspired by the life and legacy of a global icon. 🐉 pic.twitter.com/Og7Kr2qqOp
— Seattle Sounders FC (@SoundersFC) February 15, 2023
Bruce Lee x Sounders FC
United by an Unbreakable Spirit. 🤜🤛 pic.twitter.com/x6IT36PeGZ
— Seattle Sounders FC (@SoundersFC) February 16, 2023