Англија ја победи Нигерија 2-0 во пријателски натпревар, во рамките на подготoвките за Светското првенство во Русија.
Англичаните доминираа во првиот дел од натпреварот и со една таква игра постигнаа два гола.
Гери Кејхил постигна гол во осмата минута. Дефанзивецот на Челси, со глава од десетина метри ја затресе мрежа на Нигерија. Во 39.минута, Рахим Стрелинг му асистираше на Хари Кејн, а неговиот удар мина низ рацете на голманот Френсис Узохо.
Нигерија заигра подобро во второто полувреме, во кое селекторот направи четири измени, а во 47.минута Ивоби го постави конечниот резултат.
До почетокот на Мундијалот Англија ќе игра против Костарика на 7.јуни, а Нигерија ден подоцна за противник ќе ја има Чешка.