Top Sport

Сикан од Шахтјор апсолутен победник за промашување на сезоната

Селтик и Шахтјор одиграа без победник 1:1 во претпоследното коло, во Ф групата, во Лигата на шампионите. По овој натпревар Селтик остана без шанси за пласман понатаму, додека Шахтјор во последното коло, против Лајпциг ќе се бори за место во нокаут-фазата.

Натпреварот на Селтик парк, во Глазгов, го обележа младиот напаѓач на Шахтјор, Данило Сикан.

Сикан успеа да промаши она што не се промашува, не успеа да ја смести топката во празниот гол. Доби топка од Мудрик, остана сам на некои 6 – 7 метри и промаши.

Не е јасно дали сакаше да ја прими топката или само да ја насочи топката кон голот, на крајот беше нешто измеѓу и топката му побегна и помина покрај стативата.

Погледнете го ова од повеќе агли:

Scroll to Top