Заврши настапот во Конференциската лига на УЕФА и за македонскиот фудбалски претставник Силекс од Кратово.
Со гол во 95 минута, во Кишињев, молдавски Петрокуб го елиминираше македонскиот претставник уште по првото коло на новоформираното натпреварување затоа што на првиот меч одигран во Скопје, резултатот беше нерешен 1:1.
Домаќините беа убедливи на натпреварот, имаа вкупно 18 удари кон голот на Силекс, наспроти само 3-те на македонскиот клуб. Од тие дури 9 одеа во рамки на голот на голманот на Божиновски кој беше на висина на задачата се до последните мигови од мечот. При последниот корнер на мечот, токму Божиновски „заплива во празно“, па на Платица не му беше тешко да ја затресе празната мрежа.
Платица, по асистенцијата на Гулчеац погоди за 1-0 и пласман во второ квалификациско коло за молдавската екипа. Противник таму ќе им биде тимот на турски Сиваспор.