Во тоа што едно време беше големо дерби на македонскиот фудбал, а оваа сезона меч клучен за опстанок во лигата, Силекс го декласираше Вардар со 6:0 и го доближи славниот клуб до испаѓање во втората лига.
Дека на „црвено-црните“ не им се пишува добро во Кратово стана јасно во првите 15 минути, во кои Силекс дојде до 2:0 водство, за во второто да уфрлат уште четири гола во голот на гостите, оставајќи го на претпоследното место на табелата со само 27 освоени поени. Силекс сега се деветти со 29 поени.
На другиот крај на табелата, Шкендија остана на 10 поени пред Шкупи, откако со 3:0 славеше над Ренова во тетовското дерби, а Шкупи исто така оствари гостинска победа, овојпат со 1:0 над Академија Пандев.
ПРВА ЛИГА, 28. КОЛО
Силекс – Вардар 6:0
Ренова – Шкендија 0:3
Академија Пандев – Шкупи 0:1
Беласица – Македонија Ѓорче Петров 0:2
Борец – Струга Трим Љум 0:1
Табела: 1.Шкендија 59, 2.Шкупи 49, 3.Македонија ЃП 44, 4.Струга 40, 5.Работнички 39, 6.Борец 33, 7.Пелистер 32, 8.Академија Пандев 31, 9.Силекс 29, 10.Ренова 27, 11.Вардар 27, 12.Беласица 18.
Фото: ФК Вардар