Силекс и Шкендија одиграа без голови во Кратово во дербито на 20. коло во Првата лига, дозволувајќи Вардар, по вчерашната победа над Борец да се одвои на 10 поени на врвот на табелата.
Вардар сега има 42 поени, актуелниот шампион Шкендија е на второто место со 32 поени, а Силекс е трет со 31.
Македонија Ѓорче Петров, пак, со голот на Дејан Блажевски од пенал во судиското продолжение стигна до 1:0 победа над Академија Пандев, за да го прескокне струмичкиот тим на третото место на табелата со 29 поени.
„Обновениот“ Работнички стигна до втора победа во низа, овојпат со 2:1 над Шкупи за да се мрдне од последното место на табелата, додека Ренова со 2:0 беше подобра од тимот на Струга за да најави интересен финиш на сезоната, посебно кога се работи за борбата за опстанок.
ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО
Македонија ЃП – Академија Пандев 1:0
Работнички – Шкупи 2:1
Ренова – Струга Трим Љум 2:0
Силекс – Шкендија 0:0
ВЧЕРА:
Борец – Вардар 0:1
Табела: 1.Вардар 42, 2.Шкендија 32, 3.Силекс 31, 4.Македонија ЃП 29, 5.Академија Пандев 27, 6.Шкупи 25, 7.Струга 24, 8.Ренова 22, 9.Работнички 21, 10.Борец 20.
Фото: ФК Шкендија