Силекс се „созеде“ по 4:0 поразот од Карабаг во квалификациите за Лигата на шампионите со одлична 4:0 победа над Вардар во Скопје, во едностран меч кој во минатото беше најголемото македонско дерби.
Срѓан Драшковиќ уште во третата минута ги донесе кратовци во водство, за во второто полувреме Ивановски (52. минута), Ѓорѓиев (64. минута) и Ѓуриќ (88. минута) да ја потврдат победата на Силекс, кои во моментов имаат далеку посилен тим од тој на Вардар по сите финансиски проблеми на „црвено-црните“.
Тоа што требаше да биде дерби на третото коло, дуелот во Битола меѓу Пелистер и Работнички, на крајот заврши со најнепопуларниот резултат 0:0, додека Струга во финишот успеа да ја забележи првата победа во новата сезона, триумфирајќи со 1:0 над Борец.
ПРВА ЛИГА, 3.КОЛО
Пелистер – Работнички 0:0
Струга Трим Љум – Борец 1:0
Вардар – Силекс 0:4
Табела: 1.Силекс 7, 2.Шкупи 7, 3.Шкендија 7, 4.Ренова 5, 5.Пелистер 5, 6.Работнички 4, 7.Струга 4, 8.Борец 4, 9.Македонија ЃП 3, 9.Вардар 3, 11.Академија Пандев 0, 12.Беласица 0.
Фото: ФК Силекс