Top Sport

Силвињо доби албанско државјанство

Селекторот на фудбалска репрезентација на Албанија, Бразилецот Силвињо, доби албанско државјанство во знак на благодарност за пласманот на оваа земја на Европското првенство во 2024 година.

Албанија се квалификуваше за ЕП од првото место во групата во која беа Чешка и Полска. Албанија втор пат во историјата ќе игра на завршниот турнир на континеталниот шампионат.

Државјанстовот на Силвињо, на пригодна церемонија во Тирана, му го врачи албанскиот премиер Еди Рама.

Силвиео сега има државјанства на три држави. Покрај бразилското и албанското, тој има и шпанско државјанство кое го доби во 2004 година, откако потпиша договор со Барселона, каде играше како лев бек до 2009 година.

Албанија се надева дека Силвињо ќе остане на функцијата и дека со него ќе се обиде да се пласира на Светското првенство во 2026 година.

Актуелниот договор на Силвињо истекува по Европското првенство следното лето во Германија.

Албанија, исто така, му даде државјанство на италијанскиот селектор Џовани де Бјази, откако тој ја предводеше Албанија на Европското првенство во 2016 година.

Албанијана ЕУРО 2024 ќе се натпреварува во групата Б, заедно со Италија, Хрватска и Шпанија.

Scroll to Top