Top Sport

ИААФ им ја продолжи суспензијата на руските атлетичари

Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) им ја продолжи суспензијата на руските атлетичари и таа ќе важи и во 2019 година.

Русите беа суспендирани од сите натпреварувања што ги организира ИААФ, во ноември 2015 година, поради допингот што се спроведувал со знаење на државата.

Суспанзијата ќе трае се додека мострите и податоците од поранешната анти-допинг лабораторија во Москва не бидат достапни.

Русија исто така мора да ги плати сите трошоци што ги имал ИААФ тимот задолжен за истражување на овој допинг скандал.

ИААФ деветти пат ја одбија жалбата на Русија. Овој пат атлетичарите нема да можат да настапат под знамето на Русија на Европското првенство во сала, кое во февруари ќе се одржи во Глазгов.

Руските атлетичари кои ги поминале сите дополнителни проверки за допинг, организирани од ИААФ и Светската анти-допинг агенција (ВАДА), можат да се натпреваруваат но под неутрално знаме.

Scroll to Top