Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне имаше само пофални зборови за Манчестер сити пред пресметката во четврт-финалето на Лигата на шампионите, но ги потсети „граѓаните“ на поразот од Челси во минатогодишното финале.
Атлетико, како и Сити, ја бркаат својата прва титула од ЛШ, и на прашање дали чуствува притисок, Симеоне го спомена минтогодишното финале.
„Сите имаме притисок, иако не знам дали зборот притисок е вистинскиот. Сити имааат неверојатни играчи и сигурен сум дека имаат подобри играчи од нас. Но, има два меча за играње. Сити и Баерн Минхен се фаворити за титулата бидејќи имаат такви играчи, но кој лани ги очекуваше Челси? Можеби и ние можеме така“, вели Симеоне.