Top Sport

Симеоне: Го сакам Гризман, ја ценам неговата одлука

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Чоло Сиемоне тврди дека не бил разочаран од одлуката на Атоан Гризман да се пресели во Барселона.

„Многи пати разговарав со Антоан. Гризман направи важен чекор во кариерата со преселбата во клуб каков што е Барселона. Ја ценам неговата одлука. Најчесто луѓето се чувствуваа навредени кога нешто такво ќе се случи во неговиот клуб, но јас не сум. За пет години колку што беше со нас беше сјајен, се надогради како играч“, рекол Симеоне и продолжил.

„Кога Гризман дојде кај нас играше како крило. Му реков дека мора да игра поблиску до голот. Тој го разбра тоа и тоа му помогна да напредува. Мене како тренер тоа ме прави среќен“.

Чоло нагласил дека го „сака Гризман“.

„Имам фантастичен однос со неговото семејство. Гризман оди во одличен тим. Доколку го задржи овој ритам поради кој стана еден од најдобрите во светот ќе има одлична сезона“, заклучил Гризман.

Scroll to Top