Top Sport

Зизу проговори и не кажа ништо околу статусот на Бејл

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, уште еднаш проговорил за иднината на Герет Бејл. Шпанските медиуми цело лето го селат Бејл од Мадрид, со тврдењата дека неговата плата претставува проблем за клупскиот буџет.

Реал во САД се наоѓаат на подготовки, а Зидан пред новинарите рекол нема да има проблем доколку Бејл остане во тимот.

„Нема да претставува проблем доколку остане. Не можам да кажам дека тој фудбалер е проблем. Тој има договор со клубот, тој е тука со нас, но знаете дека во фудбалот работите бргу се менуваат. Јас морам да ги респектирам сите играчи, а тој е тука со нас и тој е играч на Реал. Неговиот статус е ист каков што беше и минатиот месец“, рекол Зидан.

Велшанацот е упорен во намерите да остане во Реал, а тоа и му го овозможува платата од 17 милиони евра. Според шпекулациите интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед, Тотенхем, ПСЖ и Баерн Минхен.

Scroll to Top