Top Sport

Македонија од третиот шешир ја чека групата за ЕП 2020

Во четврток, во Копенхаген, ќе бидат одредени квалификациските групи за пласман на Европското првенство во ракомет за жени. Првенството ќе се одржи од 4 до 20 декември во Норвешка и Данска.

ЕХФ објави дека во четири „шешири“ ќе има 28 репрезентации кои ќе бидат сместени во седум групи. Пласман на ЕП ќе изборат по две селекции од секоја група.

Извлекувањето на групите репрезентативките на Македонија го чекаат од третиот „шешир“, заедно со Австрија, Белорусија, Словачка, Турција, Украина и Италија. Со некоја од овие репрезентации Македонија нема да биде во иста група.

Во првиот „шешир“ се Црна Гора, Франција, Холандија, Русија, Шведска, Романија и Норвешка, во вториот Србија, Словенија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Шпанија и Полска, а во четвртиот Швајцарија, Исланд, Португалија, Литванија, Фарските острови, Косово и победникот од претквалификациите кои ќе учествуваат Израел, Финска, Грција и Луксембург.

ЕХФ веќе ги објави термините во кои ќе бидат одиграни шестте кола: 25 и 26 септември (прво коло), 28 и 29 септември (второ коло), 25 и 26 март 2020 (трето коло), 27 и 28 март (четврто коло), 27 и 28 мај (петто коло) и 31 мај (шесто коло).

Scroll to Top