Top Sport

Симеоне: Шпанија не е расистичка земја, ова е шанса да се направат добри работи

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го отфрла тврдењето дека Шпанија е расистичка земја по скандалот со Винисиус Жуниор и расистичките напади од навивачите на Валенсија. Аргентинецот, сепак, вели дека во моментов постои вистинска шанса некои работи да се подобрат.

„Сега имаме шанса да ги подобриме работите, од овоие ситуации кои се постојани, треба да ги видиме кои се вклучени. Се работи за подлабока тема, бидејќи се работи за луѓе кои имаат 19, 20 или 23 години. Тоа се млади момчиња кои мислам дека не знаат што прават. Затоа тоа би требало да го искористиме и да кажеме дека е доста. Во Шпанија сите сме навикнати да живееме добар живот и кој не го сака тоа, тогаш треба да му се забрани да го следи фудбалот како сите обични луѓе. Мораме да помогнеме од сите позиции. Да не грешиме, ова не е фудбалски проблем, туку е општествен“, вели Симеоне.

Но, на коментарот на Винисиус дека Шпанија е „расистичка земја“, Симеоне има поинаков поглед.

„Шпанија не е расистичка земја. Јасно е дека кога ќе се случат вакви работи не треба да се кријат. Ние кои сме на стадионите се поподлежни, но тоа се наоѓа и на улиците“, додава Симеоне.

Scroll to Top