Top Sport

(Видео) Вест хем го наградија навивачот кој застана сам пред холандските хулигани

Навивачот на Вест хем, 58-годишниот Крис Нол, попознат како „Нолси“, доби признание од неговиот клуб, односно билети за финалето од Конференциската лига Европа против Фиорентина по неговото херојство против холандските хулигани.

Нолси застана на скалите на стадионот на АЗ Алкмар за да ги брани обичните навивачи на англискиот клуб, како и членовите на семејствата на фудбалерите, откако холандските хулигани ја скршија заштитната ограда и се обидоа да ги нападнат. Според „Дејли мејл“, тој сега добил подарок од жена вработена во клубот.

„Бев на работа кога ми се јавија и за малку ќе заплачев. Среќен сум. Таа ми кажа дека седела два реда зад мене и видела што се случува. Ми кажа дека сум храбар и дека го заслужувам билетот“, изјави Нолси за „Дејли мејл“.

Финалето се игра на „Фортуна арената“ во Прага, Чешка, а двата финалисти добија само по 5.000 билети.

Сам застана пред хулиганите, а има 58 години, четири деца и вештачки колк

Scroll to Top