Атлетико Мадрид славеше сигурен триумф (4:1) над Алавес на „Ванда Метрополитано“, а тренерот Диего Симеоне имаше неверојатно емотивен момент пред натпреварот. На крајот на минатиот месец почина неговиот татко Карлос, а Атлетико Мадрид му оддаде почит со минута молчење.
Симеоне не можеше да ги сокрие солзите, а потоа им заблагодари на фановите за поддршката.
„Им благодарам на сите, никогаш нема да го заборавам ова“, изјави Симеоне.
Se me parte el alma. pic.twitter.com/SUx0csZMov
— REY CHOLO (@ReyCholo14) April 2, 2022