Диего Симеоне освои скудето носејќи го дресот на Лацио, а сега ќе се судри со својот поранешен клуб како тренер на Атлетико Мадрид, велејќи дека е инспириран од тренерот на италијанскиот клуб, Маурицио Сари.
„Секогаш ми се допаѓала играта на Сари, секогаш сум го следел. Сум наоѓал инспирација кај него за да го направам нашиот тим подобар. Лацио се брант добро, имаат опасни играчи и знаат што сакаат на теренот. Да, загубија од Јувентус, но вистинскиот лик на тој тим е победата против Наполи. Двата тима почнаа лошо, но најважно е како ќе започнеш“, вели Симеоне.
Популарниот „Чоло“ се враќа на „Олимпико“, местото кое што добро го познава.
„Ме враќа на некои неверојатни години во мојата фудбалска кариера и навивачи кои секогаш ме сакале. Имавме прекрасен период, и сигурен сум дека кога ќе се видиме ќе им се заблагодарам за поддршката. Не очекувам ништо од нвивачите, но љубовта која постои меѓу нас е повеќе од обичен аплауз. Имавме фантастичен тим. Тој мој гол со глава против Јуве во 2000 ја отвори трката за титулата. Го сакавме скудетото и го освоивме. Се надевам дека утре ќе има многу фанови, убаво е да се види Лацио во ЛШ“, додава Симеоне.