Италијанската фудбалска репрезентација, синоќа во Тирана, во пријателски натпревар, ја совлада Албанија со 3:1.
Овие две репрезентации нема да играат на Светското првенство, поради што го искористија овој термин да одиграат контролен меч. Многу повеќе со составот комбинираше италиајнскиот селектор, Роберт Манчини.
На натпреварот во Тирана дебитираше фудбалерот на Удинезе, Симоне Пафунди, кој влезе во историјата на италијанската репрезентација. Со 16 години и 247 дена, Пафунди стана најмладиот дебитант во историјата на Италија во последните 100 години, а вкупно трет најмлад досега.
Во Серија А досега одигра само 22 минути, но одличните настапи во репрезентацијата до 17 години, каде на пет меча постигна четири гола, му беа билет за сениорскиот тим на Италија.