Top Sport

Симс во 89.минута го шокираше „Стенфорд Бриџ“

Евертон освои голем бод против Челси во 28.коло. Натпреварот на „Стенфорд Бриџ“ заврши 2:2.

Лошо прво полувреме одиграа „сините“, полувреме во кое Евертон се определи да го брани својот гол.

Но затоа вториот дел во целост ги оправда очекувањата.

Отпорот на Евертон го скрши Жоао Феликс во 52. минута кога по лошата реакција на Кин, со прецизен удар го совлада Пикфорд.

Фудбалерите на Евертон не се предадоа по овој гол на Челзи. Во 69. минута Дукуре најдобро реагираше по корнерот од десната страна и успеа да израмни на 1:1.

Челси во 74.минута ја врати предноста со голот на Хаверц од пенал. На пеналот му претходеше дуелот на Колман и Џејмс.

Во моментитте кога се чинеше дека Челси го контролира натпреварот, играчите на Евертон изградија добар напад. Симс во 89.минута им побегна на своите чувари и го совлада Кепа за 2:2. За Симс ова беше прв гол во сениорска конкуренција.

Челси со 38 бода остана на 10.место на табелата, додека Евертон се 15. со 26 бода.

Scroll to Top