Top Sport

Синиша Михајловиќ постхумно ќе влезе во „куќата на славните“ во Италија

Легендарниот српски фудбалер и тренер, Синиша Михајловиќ, кој почина од леукемија на крајот на минатата година, постхумно ќе биде примен во „куќата на славните“ во италијанскиот фудбал.

Покрај Србинот, во „куќата на славните“ ќе влезат и Џанфранко Ѕола, Зинедин Зидан, Жозе Мурињо, Алесандро Алтобели, Кристијано Џирели, Ернесто Пелегрини и Ерн Егри Ербштајн.

Михајловиќ остави голем белег и како фудбалер и како тренер во Серија А. Настапуваше за Сампдорија, Лацио и за Интер, а потоа беше и тренер на повеќе италијански тимови.

Италијанската федерација (ФИГЦ) во 2011 година ја формираше „куќата на славните“ со намера да им оддаде посебно признание на фудбалерите, тренерите и фудбалските работници кои дале значаен придонес во италијанскиот фудбал.

Scroll to Top