Top Sport

Кристал Палас го отпушти Патрик Виеира

Патрик Виера доби отказ од Кристал Палас и веќе не е менаџер на англискиот премиерлигаш. Клубот реши да го отпушти по серија од 12 натпревари без победа.

Лондончани се уште се без успех во 2023 година, а во средата загубија со 1:0 од Брајтон, што беше трет последовен пораз. Кристал Палас моментно се наоѓа на 12. место во Премиерлигата, но само на три бода од зоната за испаѓање.

Виеира беше назначен пред почетокот на претходната сезона, а Французинот добиваше пофалби за напаѓачкиот стил на игра што го наметна во Кристал Палас. Во последната сезона, тимот исто така заврши на 12. место.

Иронијата е што легендата на Арсенал доби отказ непосредно пред гостувањето на „топчиите“ в недела.

Scroll to Top