Белгиските шампиони Расинг Генк го засилија својот состав за новата сезона со романскиот талент Јанис Хаџи, синот на легендарниот Георге Хаџи, човекот кој носеше прекар „Марадона од Карпатите“.
20-годишниот Хаџи, кој блесна на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Италија предводејќи ја Романија до полуфиналето, потпишал петгодишен договор со белгискиот клуб (до 2024 година).
Тој доаѓа од романскиот Виторул Констанца, каде што се врати по 18-месечниот престој во Фиорентина, каде што замина како 17-годишник, но доби само два натпревари. Генк оваа година влегуваат директно во Лигата на шампионите.