Младиот Маркус Турам, син на легендарниот Лилиан Турам, кариерата ќе ја продолжи во Борусија Менхенгладбах. Инаку интерес за 121 годишниот напаѓач покажале и Борусија Дортмунд, Марсеј и Лион.
Маркус Турам минатата сезона за Генган постигнал 13 гола на 38 одиграни натпревари. Од неговиот трансфер Генган заработиле 12 милиони евра.
Инаку ова лето трансфер направил и вториот син на Лилиан Турам, 18 годишниот Кефрен. Тој го напуштил Монако и се преселил во Ница.