Top Sport

Синот на Малдини го шокира „Сан Сиро“, Жиру спречи изненaдување

Фудбалерите на Милан извојуваа тешка победа над Специја (2:1) во 13.коло, во Серија А. Победникот го реши Оливие Жиру во 89.минута. Милан сега се втори на табелата, со шест поени помалку од Наполи.

Милан, првиот дел го реши со голот на Тео Ернандез во 21.минута. Но, во 59. минута Даниел Малдини, синот на легендарниот Паоло Малдини, кој е играч под договор со Милан и позајмен во Специја, го израмни резултатот.

Во 72. минута во игра го внесе Оливие Жиру, а во 89. минута Французинот го постигна голот за победа. Во исто време доби и втор жолт картон, па Милан мораше да брани со десетмина во судиското надополнување. На крајот успеа да ја одбрани победата.

Scroll to Top