Top Sport

Пике ја заврши кариерата – Барселона ја победи Алмерија

Барселона ја победи Алмерија со 2:0, во натпревар кој беше последен во кариерата на Џерар Пике.

Целиот натпревар му беше посветен на Пике, кој ненадејно реши да стави крај на импресивната кариера, во која се со Барселона и шпанската репрезентација.

Барса против Алмерија настапи со специјални дресови, на предната страна пишуваше „Siempr3“ што значи „Засекогаш“.

Ветеранот натпреварот го започна во стартната постава и со капитенската лента на раката.

Теренот го напушти во 84.минута. Доби овации од целиот стадион, кој во негова чест беше исполнет до последното место. Натпреварот против Алмерија беше 616 за Пике во дресот на Барселона.

Што се однесува до натпреварот, тој мина во доминација на Барселона. Домашните играчи упатија 27 удари, 13 од нив одеа во рамката на голот, но беа неефикасни. Особено во првото полувреме.

Во овој дел од играта, Левандовски промаши пенал во седмата минута.

Алмерија во првиот дел имаше голема шанса преку Рамазани во 24.минута. Неговиот удар го одбрани Тер Штеген.

Во вториот дел Барса сепак ја обезбеди победата. Стрелци на головите беа Дембеле во 48. и Де Јонг во 62.минута.

Scroll to Top