Јанис Хаџи (20), синот на прославениот романски фудбалер, Георге Хаџи познат под прекарот „Марадона од под Карпатите“ е новата голема ѕвезда на романскиот фудбал.
Екс-фудбалерот на Фиорентина, кој се врати во романски Виторул, ја однесе романската репрезентација У-21 на Европско првенство првпат по 21 година.
За својот тим годинава постигна 14 гола со 8 асистенции.
Романските медиуми пишуваат дека на ЕУРО ќе го следат скаути од Арсенал, Севилја и Спартак Москва, а од порано е потврдено дека младиот фудбалер е интересен и за Стандард Лиеж и Ајакс.
https://youtube.com/watch?v=N6iusuXF-rU