Top Sport

„Пандевци“со босански, а Шкупи и Македонија ЃП со ерменски предизвик во ЛЕ

Струмичка Академија Пандев во жрепката што предмалку се одржа во првото коло од квалификациите за пласман во Лигата на Европа за противник го доби тимот на Зрињски од БиХ.

„Пандевци“ првиот натпревар ќе го играат на домашен терен на 11 јули, додека реваншот ќе се игра на теренот на противникот на 18 јули.

Екипата, пак, на Македонија ЃП за противник во квалификациите за ЛЕ го доби Алашкерт од Ерменија. Ѓорчепетровци на првиот меч ќе гостуваат, додека реваншот ќе го играат на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Скопски Шкупи, исто како и Македонија ЃП за влез во второто коло од ЛЕ ќе има ерменски предизвик. Екипата од Чаир за противник го доби тимот на Пјуник од Ереван. Според жрепката, и Шкупи треба првиот меч да го игра нагости.

Scroll to Top